Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од себе си

Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. Два пати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. Два пати влезе и излезе од владината коалиција, како млада невеста што постојано ја прекинува свадбата. Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е „злото“, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Таравари, што МИА ја пренесува интегрално. 

Фактите се јасни и недвосмислени: 

1. Февруари 2024: Таравари самиот изјави дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДС го гледале неговиот блок како посакуван партнер. Дури признава и дека од Али Ахмети добивал неодоливи понуди „и прв албански премиер, и претседателски кандидат“. Ако тогаш ВМРО-ДПМНЕ не беше „зло“, зошто одеднаш стана? 

Реклама

2. 23 јуни 2024: Владата беше изгласана со партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозициска коалиција Вреди. Тоа беше јасна победа над матрицата на криминализираната ДУИ. 

3. Мај 2025: Алијансата на Таравари ја напушти коалицијата со образложение за наводни „неисполнети ветувања“. Ама дел од неговата партија остана во Владата. Значи, проблемот не е идеологија, туку нешто друго. Можеби уцена!? 
А сега, за да се види колку е празна тезата „Владата е штетна“, да ги погледнеме бројките: прво, индустриско производство: +4.1% во јули 2025 во однос на јули 2024, второ, просечна бруто плата: +8.5% во јуни 2025 на годишно ниво, трето, реална плата: +3.8% поради стабилизирана инфлација, четврт, инфлација: 3.7% во јули 2025, далеку од двоцифрените пикови од времето на СДС и ДУИ. 

Овие факти покажуваат дека државата оди напред, а не назад. 

Нема катастрофа, туку стабилизација. 

Затоа поентата е едноставна: Таравари не знае што зборува или знае, ама намерно ја менува плочата за да си го оправда влезот и излезот од коалицијата. 

Вистинското „зло“ не е ВМРО-ДПМНЕ, туку неговото лицемерие и двојниот стандард, зашто секогаш кога не му даваат функција, одеднаш открива дека партнерот е „зло“. 

Прашањето што останува е, со што е уценет Арбен Таравари и колку пати уште ќе ја продава истата приказна?