Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Тишина од СДСМ, Заев и Филипче за тоа каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово

СДСМ, Заев и Филипче и понатаму не даваат одговор за поткупот вреден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ, Заев и Филипче и понатаму не даваат одговор за поткупот вреден 4 милиони евра за ДУП-от во Тетово. Според објавените аудио снимки од разговорот меѓу Дака и Кичеец, Дака му ги дал на Заев за градење на 2.000 станбени единици во Тетово, стои соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Каде завршија 4 милиони евра од Дака за ДУП-от во Тетово?

Дали Заев освен овие 4 милиони евра, требал да добие и процент од продажбата на становите, чија вредност би достигнала во тоа време околу 200 милиони евра?

Реклама

Дали Заев и Филипче го ставиле личниот интерес пред интересот на граѓаните се со цел енормно да заработат? Дали Заев и Филипче за лична корист биле спремни да му дозволат на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа Дака да гради во Тетово?

За лични лукративни цели Заев и Филипче биле спремни да ја шират и проруската политика, како што беше случајот со Онишченко и Марковски.

Зошто СДСМ и Филипче молчеле и биле соучесници во процесот на ширење на проруска политика во Македонија?

Ова е доказ дека Заев и Филипче освен лични интереси ништо друго не ги интересира. Заев и Филипче се спремни да продаваат национални интереси и да шират антидржавна политика, а со тоа и да наштетат на процесот на евроинтеграциите само поради една цел, енормно да се богатат.

СДСМ да не молчи, Филипче да не се крие и да даде одговори на јавноста. ЈО да го истражи случајот целосно и да постапи согласно законот. Владеење на правото и правна држава мора да има.