Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски да каже како неговото семејство се стекнало со градежни парцели во Жданец и луксузна хациенда во Грција

Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле означени како зеленило, одеднаш станале градежни парцели. И како се купува хациенда во Грција, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски одамна се обидува да го претстави своето владеење како пример за ‘транспарентност’, но во реалноста би можел да послужи како пример за тоа како личниот интерес може да се сокрие зад службен печат и јавна должност.

Во рок од една година, членови на неговото семејство се појавуваат како сопственици на имоти во најскапата зона на општина Карпош, Жданец, токму во делот каде што живее и самиот Јакимовски.

Реклама

Сосема легитимно прашање е јавноста да знае како од парцели за зеленило станаа градежни парцели. Семејството на Стевчо  Јакимовски во истиот период од таа една година се стекнало и со луксузна вила во Грција.

Доволно е од приказните за ‘искусен градоначалник’, искуството што го покажа е искуство претворање на јавен интерес во имотен лист. Карпошани не се должни да слугуваат во процесот на  енормно богатење на Стевчо Јакимовски.