Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО, Катица Јанева работела по наредба на Заев

СДСМ, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата. СЈО работело под директна насока на Зоран Заев и СДСМ, реагира преку соопштение од изутрината ВМРО-ДПМНЕ.

По изнесените тврдења на обвинителката Лејла Кадриу, јавноста очекува актуелните обвинителски институции да постапат по најмалку пет дела за кои таа зборуваше во интервју за Алфа. Меѓу другото, Кадриу кажа дека советник на министерот за внатрешни работи, Спасовски, за време на техничката влада пред околу 10 години, влегол во канцелариите на СЈО и рекол дека треба да се прошири некој предмет. По нејзиното одбивање, тој заминал да се жали на друго место, а Кадриу подоцна била отстранета од работа.

„Катица Јанева била само координатор, додека предметите ги работеле и Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска. Кривичните пријави биле доставувани на лист и незаконски пренесувани од ЈО во СЈО по политичка желба на СДСМ. Поранешната обвинителка Лејла Кадриу, како што сведочи, била оттргната од СЈО бидејќи не сакала да учествува во криминалот на Јанева, поради што била избркана од работа“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.