Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: За разлика од некои минати времиња кога водата во Гостивар не била исправна, сега согласно резултати се даваат препораки, а за скандалот се води постапка

СДСМ наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата. Тоа што СДСМ не се навикнати за одредени случаи секој да е крив туку само вистински одговорните, не. Како што беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде дури кабелот беше крив, но Венко Филипче како министер за здравство кој ја подготвил и потпишал тендерската документација, не бил крив, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа и сега кога за случајот со водата за пиење во Гостивар, се води постапка, истрагата е во тек, се испитува целата документација и целиот случај, а најодговорните се приведени. Значи се преземаат сите потребни мерки целосно расчистување на случајот, а во зависност од резултати на направените анализи навремено се даваат насоки и упатства за граѓаните.

 За разлика од едни минати времиња на власт на СДСМ, министер за здравство Венко Филипче, локална власт во рацете на нивните партнери ДУИ и Таравари, кога направените анализи на водата во Гостивар покажувале присуство на бактерии и на неисправна вода за пиење, не се најде никој да даде препораки до граѓаните за да не ја користат.

Реклама

Оттука, разликите во пристапот се евидентни и на СДСМ и порачуваме ако сакаат некој да им поверува дека се грижат за здравјето на граѓаните, а не само за политички поени, нека го повикаат на одговорност и нека побараат оставка од градоначалникот Валбон Лимани, кој тие го поддржаа за да станат дел од локалната власт во Гостивар.