За разлика од СДСM и нивниот начин на владеење Владата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно транспарентна. Разликата е евидентна. СДСM молчеше за тоа каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ самитот а народот тоа многу јасно може да го види во луксузните јахти на Заев и Филипче, висококатниците во Дубаи и скапите турбо Фолк забави со Харис, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од нив, парите од прославата за независноста се транспарентно објавени и доколку од СДСM сеуште имаат неразјаснати прашања одговорот може да го пронајдат во едночасовната прес-конференција на Владата.
СДСM се против се што е добро за граѓаните и државата. СДСM е против прослава за независност, против напредок и развој. СДСM е најголемата антимакедонска партија и токму затоа се на дното а рејтингот секојдневно им се топи.

