Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Мирис на стопена пластика, пеплосана роба, стакло насекаде, вака изгледа центарот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мирис на стопена пластика, пеплосана роба, стакло насекаде, вака изгледа центарот на населбата Шуто Оризари, по големиот пожар кој ноќеска ги зафати дуќаните на познатиот шутка-пазар. Во оганот изгореа 20 дуќани, а со нив и голема количина текстилна роба, за среќа повредени нема. Од полицијата велат дека пожарот бил пријавен во 3 часот и 20 минути по полноќ, гореле 20 дуќани сите во сопственост на еден човек кој ги имал дадено под кирија. Граѓаните на Шуто Оризари велат дека штетата е огромна, а ситуацијата е особено тешка за луѓето кои биле вработени во продавниците. Уплашени се од овој настан и се сомневаат дека пожарот е подметнат.

„Четири и пол јас одам во џамија, кога гледам овдека имаше народ, имаше и тие… полицајци ама не се знае кој и како… Само може да ги најдат преку камери, иначе вака ништо.“

„Да видовме, тука чичко ми има дуќан и околу 4 саат јас дојдов покасно. Jа видовме ситуацијата и сме исплашени нормално. Да не отиде цел пазар, ама за среќа не.“

Реклама

„Кој го запалил не знаеме. Греота луѓето немаат што да јадат. Само од себе не може да се запали. Сабајле во 4, 5 часот се запалило… Има луѓе што работат тука јас им помагам.“

„Што да кажам ова е веќе греота, дали зел од некого купил роба за да преживее, ова е бога ми чудо невидено“, изјавија граѓаните

Брзата реакција на пожарникарите спречиле катастрофата да биде поголема. Според информациите од Центарот за управување со кризи,15ина пожарникари и 6 противпожарни возила успеале за кратко време да го изгаснат огнот. Жителите на Шуто Оризари загрижени се за егзистенцијата бидејќи многу семејства парче леб ваделе во овие дуќани.

„Сепак ова се објекти од монтажен карактер кои мора да имаат посебен систем за тревога, посебен систем за спасување од вакви работи со системи за вода и хидратанти, хидроводи.“

„Не е еден дуќан овде скоро 20 дуќани се. Па имаме ли ние чувари, имаме дежурство после 10 да има кој да гледа. Чудо невидено е.“

„Шутка мора да има пожарна, Шутка мора да има брза помош. Најосновните работи ги немаме, 30000 луѓе живеат овдека, абе едно село има бе.“

Засега нема информации за причините поради кои избувнал пожарот, во трговски објект на улицата „Индира Ганди“.  Од МВР велат дека на местото вршат увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.