Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

Венко Филипче наместо да им се извини на граѓаните, се фали со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче наместо да им се извини на граѓаните, се фали со седумгодишното владеење на неговите претходници Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Нејасно е како можат да ги погледнат луѓето во очи, после она што им го направија во своето седумгодишно роководење со македонската Влада. Вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на секојдневните обвинувања од опозиција, дека актуелната власт работела недомаќински, ја блокирала државата на европскиот пат и економски ја уназадувала, додека пак во седумгодишното владеење на СДСМ се било многу подобро.

Според Мицкоски тие најмалку имаат право да критикуваат било што во работата на актуелната Влада, бидејќи на сите им е јасно во каква катастрофална состојба СДСМ и ДУИ ја оставија државата. Премирот смета дека Филипче треба да се извини и да се повлече за она што го остави неговата партија, а не да ги промовира политиките на Заев и Ковачевски.

-Не дај Боже некогаш повеќе на Македонија да и се повторат такви Влади, не дај Боже и мислам дека тоа го мислат мнозинството граѓани. Начинот на тој тие се справува, денеска ги плаќаме сметките, додека тие уживаат во мелосот на ѕвезди музички од околината на скапи егзотични дестинации, се возат на скапи јахти, ние ги плаќаме, односно вие граѓаните ги плаќате сметките од тоа време како тие се справуваа со кризата, така што не дај Боже некогаш повторно да и се случат такви Влади, изјави Мицкоски.

Реклама

Според премиерот единствено што СДСМ во моментов прават е евтин популизам и ПР трикови, искористувајќи ја тешката состојба во која токму тие ја оставија државата. Мицкоски вели сега се живее многу подобро од пред три години, а очекува состојбата да биде уште подобра за три години од сега. Смета дека доказ за тоа е и што во мандатот на актуелната Влада пензиите се зголемени за 16 пати во однос на зголемувањата кои што беа во седум години владеење на СДСМ, а слична е ситуацијата и кога се платите во прашање.

-Јас не велам дека сега е совршено, да имаме проблеми и ги решаваме, не велам дека сега тече мед и млеко, но тврдам и тука морате да се сложите и се сложуваат граѓаните на сите јавни мерења, дека денес многу подобро се живее од пред три години. Нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе марихуана економија, нема веќе провизии од Лотарија кои што завршуваат кај Прпарим и кај Артан, нема, туку се враќаат назад кај граѓаните, изјави Мицкоски.

Доказ дека економијата се движи во добар правец е и извештајот на Агенцијата за кредитен рејтин Фич, каде се вели дека државава го задржава кредитниот рејтинг на ниво „ВВ+“. Таму се констатира дека македонската економија покажува отпорност, што се рефлектира преку забрзаниот реален економски раст од 4,3 проценти во вториот квартал годинава.

Висока оценка добива и динамиката на јавните инвестиции. Капиталните расходи во периодот од јануари до јули бележат раст од 40 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 46 отсто од ревидираната цел за целата година.

Матеја Петровски