Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Милост нема за никого, кој решил да бара пари од граѓани, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милост нема за никого, кој решил да бара пари од граѓани, ќе одговара. Возачот на генералниот секретар на Владата и функционерот од Царина не се единствените митаџии вработени во државно. Се истражуваат уште случаи на системска корупција, односно вработени во државните институции, кои барале пари од граѓани за да завршат некоја работа. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека секој кој бара мито ќе одговара.

-И во моментов следиме уште неколку случаи… Со време ќе бидат во јавноста… Во области во рамки на институциите, на тоа ниво, во рамките на сектори. Следиме неколку случаи и чекаме и тие да тоа што го побарале од странките да се дрзнат да го земат, изјави Мицкоски.

Со цел целосно сузбивање на системската корупција, наскоро ќе има и отворена линија, преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат случаи.

Реклама

-Ги охрабрувам граѓаните да пријавуваат и тоа сум го кажал многу пати до сега, да пријавуваат случаи на системска корупција во институциите, ги охрабрувам. И наскоро од сега ќе отпочнеме еден таков проект со Транспаренси интернешнл. Она кое што за мене е важно е дека нема случаи на висока корупција, сега мораме низ институциите овие случаи да ги исчистиме и искорениме, изјави Мицкоски.

Инаку, за само неколку дена уапсен беше помошник директорот на Секторот за администрација во Царина, Џевер Имери, кој побарал мито од 17.500 евра, а беше фатен по пријава на граѓанин со одбележани банкноти. Пред тоа фатен беше и возачот на владиниот генерален секретар Игор Јанушев, кој побарал 1.500 евра за да помогне за вработвуање, а фатен бил на дело при примопредавање на третина од сумата.

Матеја Петровски