Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Дали дел од судиите се корумпирани или некадарни? Силни реакции во јавноста,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали дел од судиите се корумпирани или некадарни? Силни реакции во јавноста, како од граѓани, политичари, така и од правната фела, по одлуката на Врховен, без никакво детално образложение, да ги врати на повторно судење случаите со несреќата кај Ласкарци и оној на Стевчо Јакимовски. До вчера правосилно осудените сега веќе се слободни и излегуваат од затвор. Дел од познавачите сметаат дека до т.н. правда се стигнува многу полесно ако имате милиони евра на сметките. Адвокатот Јанаки Митровски за Алфа вели дека  никако не може да се избегне впечатокот дека правосудството во државава за некого е мајка, за некого маќеа.

-Генерално никако да избегнеме од впечатокот дека правдата секогаш е тука, условно речено секогаш е тука за политички и финансиски моќни. Додека би требало да се направи една убава истражувачка сторија статистички колку се усвојуваат вонредни преиспитувања за обични смртници, а колку за претходнава категорија на луѓе, изјави Митровски.

Состојбата во македонското правосудство е и повеќе од лоша, за што доказ е и довербата во судиите и обвинителите. Адвокатот Владимир Туфегџиќ реагира дека ваквата одлука на Врховен, можеби и покажува дека пониските судови носат пресуди без никаква подлога.

Реклама

-Двете укинати пресуди за “Ласкарци” и Стевчо Јакимовски од страна на Врховниот суд се сериозен тест и аларм за правниот систем и го отвораат прашањето, дали пониските судови  се почесто се впуштаат во правен егзибиционизам со своите одлуки ставајќи се во улога на сервис на јавното обвинителство и впуштајќи се во импровизација на доказите за да се донесе осудителна пресуда по секоја цена, дури и во правна ситуација кога јавен обвинител децидно изјавува дека нема докази, напиша Туфгџиќ.

И според Митровски проблематично е што најголем број од првостепените пресуди се како што бара Обвинителството.

-Голем проблем е и генералната состојба да Кривичните судови работат на тоа да му помогнат на Обвинителството да дојде до осудителна пресуда по секоја цена. И статистиката во овој дел е убиствена и тоа многу лесно проверливо, ретко во која земја која што се нарекува демократска може да има 95 проценти на осудителни пресуди, така да кога ова ќе се собере не доведува во состојбата во која што сме, изјави Митровски.

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савевски пак не се согласува дека судиите свиреле по нотите на обвинителите, пресуди се носеле согласно законите, смета тој.

-Не можам да прифатам и апсолутно сметам дека е погрешен впечатокот дека судовите ги носат одлуките, под притисок или влијание на Јавното обвинителство. Пресудите се носат во името на граѓаните, изјави Савевски.

Одлуките на Врховен значат дека во случајот Ласкарци, судската постапка ќе се повтори за шесте осудени, меѓу кои и сопственикот на Дурмо Турс, Дурмиш Белули, одговорното лице за транспорт во компанијата Ремзи Мифтари, возачот Самоил Трифуновски и тројца вработени во станицата за технички преглед. Првите тројца беа обвинети за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а другите тројца за соучество. Поранешниот градоначалник на Карпош пак отслужуваше казна од една година затвор за бесправно градење поврзано со општинската зграда.

Матеја Петровски