Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сè  што треба да знаете за Филипче е дека кога умираа по 100 луѓе дневно во короната договарал провизии од набавка на вакцини

Сè  што треба за Филипче да знаете е дека кога умираа по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сè  што треба за Филипче да знаете е дека кога умираа по 100 луѓе дневно во короната, д-р смрт договарал провизии од набавка на вакцини, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, насловено како реакција на Венко Филипче.

Слушаме Венко Филипче се фалел како добро владата на СДСМ се справувала во периодот на корона и енергетската криза.

Благодарејќи на ова добро справување со КОВИД пандемијата, според СДСМ и Филипче, изгубивме без малку 10.000 наши сограѓани, по 100 на ден, а да не заборавиме дека поради доктор смрт изгореа 14 наши сограѓани во модуларната болница.

Реклама

Во КОВИД пандемијата, желбата за пари на Филипче му светна во очите. Сакаше да договори вакцини по трипати повисока цена од фирма која продава јужноамерикански производи, сакал да преземе насилно приватна болница со Заев, делеше тендери на неговата омилена компанија Пановски, крвавиот тендер на кој Филипче сакаше да го протурка вреден 35 милиони евра, непостапувањето во случајот со Онкологија каде што пациентите добивале физиолошки раствор место лек.

Но, да не ги заборавиме и останатите економски придобивки од Филипче и СДСМ во тоа време, како на пример АУДИ-то на Филипче подарок од компанијата која добиваше тендери за ископ на јаглен, околу 9 милиони евра за снабдување на ЕСМ со јаглен завршија во фирма на Заев во Бугарија на истата локација каде што и Филипче има фирма. Да не го заборавиме и 50% зголемување на сметките за електрична енергија кое граѓаните го добија благодарение на одличните политики на СДСМ и Филипче. Да не ги заборавиме и плацовите во Дојран на Филипче и Заев, каде што изградија фотоволтаици со менување на ДУП-от од страна на нивниот градоначалник. Да не го заборавиме и неговиот другар Васко Ковачевски, кој го покраде ЕСМ и избега, фотоволтаиците за сопругата на Димитар Ковачевски.

Овие одлични политики благодарение на Филипче и СДСМ, придонесоа за тој да може заедно со Заев да купуваат акции во индиска авиокомпанија, да купат станови во Дубаи, едниот да гради 42 катница во Дубаи, да возат јахта во вредност од околу милион евра, додека уживаат во скапо приготвените деликатеси на грчката кујна.

Ете ова донесе Филипче заедно со Заев на македонската политичка сцена. Смрт, банкрот и ужас кај народот. СДСМ, Филипче и Заев – никогаш повеќе.