Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со намера да ги спаси Заев и Венко од одговорност, лута во сопствената безидејност

Бидејќи лутаат и се целосно обвиени во сопствената безидејност, со единствена намера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бидејќи лутаат и се целосно обвиени во сопствената безидејност, со единствена намера да ги спасат Заев и Венко, ќе им дадеме конкретен предлог и задача на луѓето од СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Првата е да ја преименуваат сопствената платформа во Венко, а може да се вика и Тенко, затоа што таков им е рејтингот и довербата од граѓаните.

Втората е ако веќе толку сакаат криминал, тогаш првите случаи со кои ќе се позанимаваат е оној со Модуларната болница од Тетово каде изгореа 14 луѓе, во време кога Венко Тенко беше министер, а истите ги градеше неговиот колега од владата Кочо Анѓушев. Нека се позанимаваат со Енис Колашинац и врската со Вице Заев при набавката на јагленот, како и префрлањето на пари и провизии на фирма во Бугарија.

Реклама

Може да се позанимаваат и со тендерите во Министерството за здравство, каде редовно паѓаа на омилените фирми на Венко Филипче.

Третата задача, бидејќи Венко е единствен функционер во СДСМ и единствен со златна виза од друга држава, резервна татковина за бегство, добро е да објасни на јавноста за потешкотиите при составувањето на органите на партијата. Зошто никој не му се пријавува на позиција и каде се ги однесе списоците за да му ги одобрат предлозите за горење на нови луѓе во политиката. Дали Заев ги одобри истите?

Овие три задачи се добра основа да се потврди главната работа дека СДСМ е во заложништво поради желбата за спас на кариерите на Заев и Филипче!