Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Шукова и Заев во 2020 година го лажеа народот дека ќе го решат проблемот со Вардариште, резултатите се нула а ветувањата исти

Во 2020 година СДСМ Шукова и Заев во предизборната кампања ветуваа решавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2020 година СДСМ Шукова и Заев во предизборната кампања ветуваа решавање на проблемот со депонијата Вардариште. Тоа ветување беше официјално запишано и во нивната програма насловена „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година на стрaна 228 каде што стои „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја.’’  Ова е уште едно лажно предизборно ветување на СДСМ и Шукова, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Истата таа програма на СДСМ го наведува и износот од 42 милиони евра како финансиско портфолио за реализација на проектот.

Каде завршија тие 42 милиони евра?

Реклама

Зошто СДСМ, Шукова четири години го влечеа истиот проблем без никаква реализација?

Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште?

Како Шукова и СДСМ имаат доблест повторно истото да го ветуваат пред граѓаните, овој пат Шукова само од позиција како кандидат за градоначалник на Скопје?

Ова е класичен пример на манипулација и лажење на јавноста. Ова е доказ дека СДСМ многу ветува а ништо не исполнува.

СДСМ да не го потценува народот, СДСМ треба да знае дека 2 пати истите лаги не поминуваат, граѓаните знаат кој работи за нивно добро.

ВМРО-ДПМНЕ има програма и план за решавање на проблемите на граѓаните, почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани.