Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ работи со српската опозиција додека партијата им стана минорна поради личните интереси на Заев и Башановиќ 

Димитријевиќ се сретнал Бранко Ружиќ, СДСМ и Филипче работат со српската опозиција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Димитријевиќ се сретнал Бранко Ружиќ, СДСМ и Филипче работат со српската опозиција додека партијата им стана минорна поради личните интереси на Заев и Башановиќ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Димитријевиќ се сретнал Бранко Ружиќ, СДСМ и Филипче работат со српската опозиција додека партијата им стана минорна поради личните интереси на Заев и Башановиќ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ на чело со Филипче се повеќе се оддалечува од интересите на граѓаните и своето членство, а се става на располагање на странски политички агенди надвор од државата.

Реклама

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, имал средба со српскиот опозиционер Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој дошол во Македонија со една цел а тоа е да оформи опозициски фронт со СДСМ за заеднички да соработуваат.

Бранко Ружиќ лани бил суспендиран од својата партија СПС, поради неговите јавни ставови против власта во Србија, за само една година подоцна повторно да ги продолжи неговите политики, и да делува опозициски.

Оваа средба отвора сериозни прашања за насоката и делувањето на СДСМ и нејзините цели и приоритети. Индикациите за вакавите средби и контакти за формирање заеднички фронт претставуваат директно мешање во политичките процеси надвор од Македонија, наместо СДСМ да се фокусира на домашните предизвици.

Димитријевиќ да каже дали на овие средби имало и други високи политички функционери?

Димитријевиќ да каже дали средбата која се одржала во Скопје, српскиот политичар Бранко Ружиќ дошол во Македонија со бела шкода со регистарски таблички BG 3020 UC?

Димитријевиќ треба да одговори дали на таа средба присуствувал и уште еден висок член на претседателство на партија СПС од Србија?

Зошто СДСМ и Филипче им служат на опозиција во друга држава, а не се фокусираат на македонската политичка сцена?

Димитријевиќ да и соопшти на јавноста кои се целите и мотивите на таквите средби.