Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со безобразниот обид да профитира од сопствениот пустош: Системското уништување на енергетиката има име и презиме, а тоа е СДСМ

СДСМ го слуша и го користи за ситни дневнополитички поени само тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ го слуша и го користи за ситни дневнополитички поени само тоа што им одговара, извлекувајќи изјави надвор од сите логични контексти. Прашуваме, за какво „признавање“ зборува СДСМ, кога кристално јасно е објаснето дека загубите се наследени рецидиви од мрачното владеење на оваа партија во периодот 2017-2024 година?, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Не постои магично стапче ниту начин системското уништување на АД ЕСМ да се санира за само година и половина, особено по невидената девастација оставена во РЕК Битола. Со цел да си ги полнат џебовите преку сомнителни тендери за ископ на јаглен и ангажирање приватни фирми, СДСМ свесно ги урниса двата најголеми комбинати за производство на струја – РЕК Битола и РЕК Осломеј – во сите сегменти. Сега, крајно лицемерно, „откриваат топла вода“ и ја замајуваат јавноста со податоци кои се директен резултат на нивното недомаќинско работење.

Да е иронијата поголема, партијата што за седум години власт не изгради ниту еден нов државен капацитет за производство на електрична енергија, денес душегрижнички се дрзнува да ги коментира предизвиците во енергетиката што токму тие ги продуцираа. Додека тие се фокусираа на богатење на поединци блиски до врвот на партијата, енергетскиот систем беше оставен на маргините, со истрошена механизација и празни акумулации.

Реклама

За разлика од времето на СДСМ кога цената на струјата беше постојано под закана поради увозната зависност, денес со домаќинско менаџирање, стабилизирана хидрологија и намалени производствени трошоци, граѓаните се заштитени. СДСМ треба да престане со манипулациите и барем еднаш да преземе одговорност за енергетскиот крах што му го приредија на македонскиот народ. Нивните обиди да го сокријат сопствениот криминал зад искривени интерпретации на реалноста веќе не поминуваат кај јавноста.