Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно се обидува да собира поени врз грбот на земјоделците, а Филипче не се ни појави во Собранието да гласа

Додека СДСМ глуми загриженост за земјоделците, Венко Филипче не се ни појави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека СДСМ глуми загриженост за земјоделците, Венко Филипче не се ни појави во салата за гласање во Собранието за да гласа за Предлог-законот на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците. Дали Филипче е против земјоделците, па не се ни појави во Собрание, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, Венко Филипче и Заев потрошија милионски буџети на државата, но тогаш ги заборавија земјоделците. СДСМ имаше години да ги решава проблемите во земјоделството, но наместо тоа Заев, Филипче и останатите се занимаваа со делење тендери, проценти, провизии и инвестиции во Дубаи како и луксузирање по јахти на Егејот.

Земјоделците не смеат да бидат заложници на политичките калкулации на СДСМ, на лагите и лицемерието на Венко Филипче.

Реклама

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за земјоделците, продолжува да креира одговорни политики, сигурен пласман на производството и услови земјоделците да можат достоинствено да живеат од својот труд.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на унапредување на земјоделството и на создавање услови за поголемо производство, сигурност и развој на руралните средини.

На македонското земјоделство му се потребни решенија, а не манипулации и лаги од СДСМ.