Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема образ – токму тие што ја уништија економијата, денес зборуваат за цени

Кога СДСМ зборува за поскапувања, тоа е како пироман да ви држи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога СДСМ зборува за поскапувања, тоа е како пироман да ви држи лекција за гаснење на пожари. Партијата која ја донесе Македонија до работ на економски колапс сега глуми загриженост за животниот стандард. Ќе беше трагично, ако не беше толку лицемерно, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението од СДСМ.

„СДС и ДУИ четири години живееја на грбот на граѓаните. Нема производ што не го поскапеа, нема данок што не го покачија, нема сиромашен што не го направија уште посиромашен.

Додека народот пресметуваше дали да купи леб или лекови, нивните функционери со луѓе блиски до Заев и Филипче шетаа по Малдиви, плаќаа луксузни авиокарти и купуваа маички XXL од државна сметка.

Реклама

Конкретни мерки: од популизам и кражба на СДС и ДУИ кон стабилизација и раст.

За разлика од СДС, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш започна со решителни и конкретни мерки:

Контрола на цените и маржите: Ограничени се трговските маржи и замрзнати цените на клучни прехранбени производи – нешто што СДС никогаш не го направи, бидејќи повеќе ги интересираа профитите на нивните картели отколку чинијата на граѓанинот.

Зголемување на пензиите: За само 9 месеци пензиите се зголемени за 5.000 денари – без фискални трикови, без лажни ветувања. Старите луѓе конечно добиваат почит, а не потсмев“, потенцираат во реакцијата.

„Поддршка за ранливите категории: Воведени се нови пакети помош за најзагрозените, со реални средства и без популистички фанфари. Економијата почна да дише.

– Раст на БДП: Економскиот раст во последниот квартал достигна 3.2%. За споредба – за време на СДС, „растот“ им беше само во криминалните тендери.

– Инфлацијата под контрола: Од двоцифрена инфлација за која СДСМ се криеше зад „геополитиката“, до 2.2% инфлација денес – со макотрпна работа и јасна визија.

СДС нема право да зборува.

СДС не е опозиција – тие се траумата на граѓаните. Тие не нудат алтернатива – тие потсетуваат на времето кога државата беше претворена во банкомат за партиски играчи. Нивните критики денес се обид за рехабилитација на сопствената политичка мизерија. Неуспешен обид“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија конечно тргна напред. Нема враќање назад. И колку и да врескаат, колку и да се обидуваат да шират паника – граѓаните знаат: денес има влада што работи, а не краде, додаваат во реакцијата од владејачката партија.