Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на чело со Филипче е во изолација и без концепт, на „Бихачка“ се нервозни и во политичка конфузија поради топење на рајтингот, остануваме посветени на реформи и на економски раст

СДСМ на чело со Филипе е во изолација и без концепт, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ на чело со Филипе е во изолација и без концепт, на „Бихаќска“ се нервозни и во политичка конфузија поради топење на рајтингот, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи и на економски раст, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата ма лидерот на СДСМ, Венко Филипче.  

Единствен кој е во изолација е СДСМ на чело со Венко Филипче, а под менторство на Заев.

СДСМ е тотално без концепт, а изјавите на Филипче се како теоретичар на заговори, СДСМ со небулозните прес-конферензии повеќе наликува на странска опозиција, еден ден се опозиција во Србија следниот Унгарија итн нервозни и во паника наместо да делуваат како сериозна и одговорна опозиција.

Реклама

Филипче е синоним за криминалното владеење на Заев. Додека СДСМ беа на власт, 3 пати ја зголемуваа акцизата и сакаа да воведат и еколошка такса, со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата.

Сега цената на горивата во Македонија со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно.

СДСМ додека беа власт го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи со што ја откочија спиралата за зголемување на сите цени на производите. Инфлацијата во време на СДС и ДУИ беше двоцифрена.

СДСМ го колабираше енергетскиот сектор, граѓаните плаќаа енормно високи сметки за струја додека кланот Заеви и Филипче профитираа од нивните фамилијарни бизниси.

Заради погрешните економски политики кои ги спроведуваше власта на СДСМ и ДУИ и кои ги оставија граѓаните да живеат со 150 денари на ден а државната каса ја испразнија сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќа наталожени долгови во висина од 2,5 милијарди евра.

СДСМ е антидржавна партија, која го распродаде националниот идентитет.

Да го потсетиме Филипче и СДСМ дека СДСМ на чело со Заев се тие кои ветуваа сигурен влез во ЕУ додека ги распродаваа националните интереси и го променија името на државата.

СДСМ потпиша договор  за пријателство со Бугарија, а тие ни испорачаа блокада и француски предлог со нови барања. Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван.

ВМРО- ДПМНЕ се залага да бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи, економски раст и подобар живот за сите граѓани.