Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и Заев ни тогаш, ни сега ги негираат снимките на кои Давидовиќ – Дака вели дека на Заев му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште

Поврзаноста на владата на СДСM под водство на Зоран Заев, била длабоко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поврзаноста на владата на СДСM под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 метри квадратни земјиште.

Кичеец бил посредник на Заев, кој Дака го рекетирал за да им завршат одредена бизнис услуга.

Реклама

На тогаш објавените снимки меѓу двајцата контроверзни ликови, Кичеец и Давидовиќ-Дака, се слуша и како прорускиот бизнисмен кажува дека парите, 300 илјади евра, кои му ги дал на Заев, тој ги искористил за да направи изборен инженеринг за референдумот за името.

Тоа што остана да лебди во воздухот е тоа што ниту Заев, ниту СДСM ги негираа овие снимки, што јасно потврдува дека тие биле точни и автентични, а во истата снимка од разговорот на Дака со Кичеец, се слуша и името на поранешниот генерален секретар на владата на Заев, Драги Рашковски.

Ова значи дека целата тогашната власт на СДСM била поврзана со овој прорускиот бизнисмен и затоа му ги знаат сите фирми и бизниси во кои е вклучен.

А, можеби и токму затоа помагале за менување на ДУП во град во западна Македонија, за што македонската јавност ќе биде потсетена на денешната прес-конференција.

Еве, деновите минуваат и освен што од ова СДСM на чело со Филипче, ги брои фирмите и бизнисите на Дака, до денес, ни од партијата ни од Заев нема никакво негирање или демантирање за овој случај.

Тоа што на граѓаните им станува се појасно, е дека каде има криминал и корупција, таму се СДСM, Заев и Филипче.