Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев не се борат против криминалот, тие се најголемите криминалци во државата

Без никаков срам владата предводена од СДСМ и Зоран Заев се фалат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без никаков срам владата предводена од СДСМ и Зоран Заев се фалат дека спроведуваат правда и дисциплина, кога тоа не важи за сите граѓани односно не важи за функционерите на власта и нивни блиски лица, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова криминална влада се фали со уривањето на дивоградбата кај Мавровка, а имено самите тие дозволија да се гради таму. Ако правдата важи за сите како што велат тие, зошто не ги рушат и другите дивоградби низ целата  држава. Зошто владата на СДСМ не ја руши дивоградбата на дивата платформа на Матка, дивоградбата во близина на Скопско Кале кај касарната Илинден  и дивоградбата на Нефи и летната тераса кај охридскиот чинар? Љупчо Николовски кој е задолжен за борба против криминалот и корупцијата очигледно не си ја работи својата работа затоа што прв кој треба да одговара за криминалот и корупција е токму неговиот шеф Зоран Заев, се наведува во нивното соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Заев треба да одговара за тоа како дозволил да се спроведе градба кај Мавровка, треба да одговара за ШИК Јелак каде 200 милиони завршуваат директно во неговиот џеб, за пропаѓањето на Еуростандард Банка, за тоа како неговите фирми и фирмите на Нина Ангеловска земаат државна помош.

Реклама

-СДСМ и Заев не се борат против криминалот, тие се најголемите криминалци во државата, велат од партијата.