Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и Филипче слават изборна победа во друга држава, каде што сестринската партија им освојува само 1 отсто од гласовите и остана надвор од парламентот

Пет дена СДСM и Венко Филипче слават и се радуваат на победата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет дена СДСM и Венко Филипче слават и се радуваат на победата на Маѓар во Унгарија. Гледајќи ја еуфоријата што владее на „Бихаќска“, човек би помислил дека СДСM победил и Филипче само што не станал премиер, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

До тоа дереџе стигнале СДСM и Филипче, наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта во Македонија, тие се занимаваат со избори во друга држава.

Радувањето на СДСM и Филипче за изборните резултати во пријателска Унгарија е неразбирливо од причина што сепак победник е партија која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, а нивната сестринска партија освои околу 1 % од гласовите и остана надвор од парламентот.

Реклама

До толку да беа ангажирани и да ги анализираа изборните резултати кај нас, на кои станаа трета партија во државата, можеби до сега ќе го консолидираа СДСM, кој со секоја следна анкета има сè послаб рејтинг.

Наместо реформи, аргументирани критики и издржани предлози, од СДСM и Филипче гледаме само ширење лаги, демагогии и празни флоскули, на кои никој не им верува, што резултира со доверба од граѓаните на праг од статистичка грешка.

Наместо фокусот на изборите во Унгарија, СДСM и Филипче енергијата треба да ја насочат во сопствените редови во партија. Треба да се запрашаат зошто сите поранешни функционери бегаат од нив, а актуелни се дистанцираат и водат поинаква политика од лојалистите на Зоран Заев, кој ги предводи токму Венко Филипче.

Друго за што Филипче треба да се запраша и на што треба да ја насочи енергијата, барем сега кога поради кризата не може да оди во Дубаи, зошто само 60-ина проценти од делегатите му дојдоа на партискиот конгрес?

Кога веќе СДСM и Филипче повеќе се занимаваат со унгарските избори отколку со консолидирање на партијата, ги прашуваме дали репер за нив е нивната сестринска партија, која освои само еден процент од гласовите и дали целта им е да стигнат до тоа ниво на гласови?

Затоа што со овие антидржавни политики, кои се синоним за политиките на Заев, СДСM под водство на Филипче несомнено ќе стане маргинална партија.