Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во целосна конфузија, сто теми во едно соопштение, а ниту еден аргумент

Паниката во СДСМ расте, а конфузното соопштение на СДСМ е доказ за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паниката во СДСМ расте, а конфузното соопштение на СДСМ е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Филипче ја сведе маргините. Во едно соопштение на СДСМ, мешаат Илинден,  француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сто теми, сто лаги и целосен хаос во СДСМ.  Дното во СДСМ нема крај, СДСМ е партија без визија, без план и без стратегија за државата.

Дали раководството на СДСМ и Филипче воопшто знаат каде ја водат партијата? Има ли компас во СДСМ?

Реклама

СДСМ да престане со лагите и конструкциите поради стравот и дебаклот во сопствената партија.

Политичкиот талог, создаден со години корупција, криминал, клиентелизам и погубни политики, денес е најгласен и се обидува да се претстави како морален авторитет. Граѓаните добро паметат кој ја задолжуваше државата, кој ја понижуваше и кој ја доведе до најниско ниво на доверба. Затоа СДСМ е на маргините на политичкиот спектар.

Истите тие предавници што тајно преговараа и носеа одлуки на штета на Македонија, денес држат лекции за патриотизам и транспарентност. Граѓаните добро знаат кој ветуваше европска иднина а остави разочарување, поделби  и лаги.

За крај, обидот на СДСМ за поврзување со било какви насилни инциденти е срамен и неодговорен. Ако СДСМ има докази, нека ги достави до надлежните институции. Во спротивно, станува збор за груба манипулација и политичка злоупотреба на јавноста.

СДСМ и Филипче немаат ниту идеи, ниту стратегија, ниту пак кредибилитет.