Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија на проблеми, Венко е добар за ВМРО-ДПМНЕ, но штетен за Македонија

Наместо да глумат жртви како еден лик што со лажна понизност ставаше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да глумат жртви како еден лик што со лажна понизност ставаше рака на срце според рецепт од пазарите од Горни Милановац за намамување купувачи, нека се запрашаат… и да наброиме афери. На Богданка и на Венко не им сметаше Артан Груби, ниту мафијата од Грчец, ниту клановите во здравството и енергетиката и градежништвото, кои ја уништија државата, не им сметаа ниту фабриките за марихуана, ниту плантажите во Африка за овошје на кланот Дубаи, ниту кулите во Дубаи, сè тоа е супер. Ама им смета кога некој ќе говори за тоа гласно и ќе ја прозива нивната дволичност, како и лицемерството, крадењето и матните зделки, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Кланот Дубаи е најмафијашката организација, која е метастазирана во целиот систем и наша одговорност како граѓани на оваа земја, кои ѝ мислат добро на државата и сакаат да воведат ред и систем, е да се справиме со овој мафијашки клан со пипалча во судството, Обвинителството, партиите, одредени фирми, па и на улиците во градовите и уличните банди. Таа бандитска мрежа постепено ќе ја демонтираме и сè ќе биде на очиглед на јавноста, транспарентно.

А овие кукања на СДСМ Дубаи се само одраз на страв и паника.

Реклама

Сигурно им стигнале и новите анкети, според кои тие имаат историски 100 илјади гласа и се на пат да станат четврта партија во државата. И сега мислат дека со заострување на реториката и со навреди и глупави необмислени соопштенија ќе променат нешто. Не се менува со зборови, туку со дела. И битно е кој ги кажува тие зборови. Затоа што вашите зборови им се јасни на сите дури и кога лажете. Затоа што сте ги прелажале луѓето 100 пати и нема да ви дозволат повторно.