Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се огради од тешката навреда кон Македонците изјавена од идеологот на Заев и Филипче, Фрчкоски

Нема друга партија во светот која го навредува својот народ како СДСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема друга партија во светот која го навредува својот народ како СДСМ, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Денес е втор ден молк од партијата на Заев за тешките навреди кон Македонците од Љубомир Фрчкоски, кој е неформален идеолог на Венко Филипче. Љубомир Фрчкоски брутално го навреди македонскиот народ јавно во етер кој кажа “Ако зборуваме за Македонците со три пива пред гранап, Македонци кои ништо не направиле за својата држава”. Ова го зборува човек кој долги години ја обликува СДСМ одвнатре и е идеолог на партијата. Фрчкоски е инаку професор, поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, и архитект на матрицата на СДСМ. Фрчкоски ги навреди луѓето што го плаќале неговиот професорски хонорар, неговите службени патувања, неговите кампањи. Фрчкоски покажа дека и тој, и СДСМ се отуѓена елита, која не го разбира народот туку се потсмева со него. Народот не е пијан, ниту мрзлив како што кажува Фрчкоски. Народот е чесен. И народот нема да заборави вакви навреди. Изјавата на Фрчкоски е јавно сведоштво за тоа каква партија е СДСМ, што со години се однесуваше како да и припаѓа државата, а не да и служи. А Филипче ,,како до сега“, повторно молчи. Не се оградува од Фрчкоски. Ова не е неутралност. Ова се јасни ставови на СДСМ, а тоа што Филипче не се оградува од ваква понижувачка изјава значи само дека се согласува и одобрува. Народот гледа, народот слуша, и народот знае. СДСМ не мора ништо да каже, кажа се со своето молчење, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е синоним за криминал, неспособност и предавства. Во СДС ништо ново. И по Заев, Заев, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.