Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ безчуствителна, одлучува да ја злоупотреби трагедијата во Кочани во кампања за политички цели

СДСМ и Венко Филипче не бираат средства во нивниот лов на некој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Венко Филипче не бираат средства во нивниот лов на некој политички поен и зголемување на рејтингот, кој сега им е во рамките на статистичка грешка. А, тука се и шарените, да им помогнат и да им бидат логистика, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

-Немајќи програма, план и визија да понудат политики за доброто на граѓаните, СДСМ и Филипче се враќаат на нивната стара пракса, да си поигруваат со чувствата на граѓаните и да злоупотребуваат трагедии, потенцира владејачката партија.

„По злоупотребата на трагичните настани кај Смилковско езеро, Младенов, Нешковски и малата Тамара, сега СДСМ на Венко Филипче и шарените ја злоупотребуваат и последна трагедија која ја потресе цела држава.

Реклама

Ваквата злоупотреба на случајот во Кочани не е случајна, туку тоа претставува добро осмислен план за кој се договарале членови од најтесното партиско раководство.

Според информациите кои стигнале до нас, СДСМ имале состанок на кој присуствувале повеќе членови од партиското раководство и токму на тој состанок договориле, Кочани да биде дел од кампањата во следниот период.

СДС донесе ваква одлука и покрај обидите на неколкумина да укажат дека ова е несовесно, дека не е чесно и морално да се тера кампања за оваа трагедија во која има починати 62 млади лица.

И покрај сите укажувања раководството одлучило, Кочани да е главна тема во следниот период и во пресрет на локалните избори.

Ова е доказ дека СДСМ е безчусвителна и безобзирна партија на која личниот интерес му е пред се и дека не знае за основни човечки вредности.

СДСМ се одлучува да тера политика и покрај тоа што за трагедијата во Кочани е направена најопсежна и сеопфатна истрага во историјата на Македонија, во која се опфатени голем дел на сегашни и поранешни функционери, полициски службеници, како и луѓе од деловниот и општествениот свет“, нотираат во соопштението.

Но, истиот овој СДСМ и така наречените шарени револуционери, молчеа и брзо ги заборавија модуларната болница во Тетово, Дурмо турс и на Беса транс за кои немаше одговорност за вистинските виновници.

Правдата за Кочани се изведува и ќе биде задоволена во целост, без поштедување и заштита на никој кој е инволвиран. А, СДСМ и Венко Филипче на претстојните избори ќе ја добијат фактурата од граѓаните, со која ќе потонат во уште подлабока опозиција, се наведува во партиското соопштение.