Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пустош, уништени рудници, и празни акумулации оставија СДСM во РЕК Битола, немаат легитимитет да говорат за енергетиката

Пустош во РЕК Битола, девастација на РЕК Осломеј, уништени рудници, запуштена рударска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пустош во РЕК Битола, девастација на РЕК Осломеј, уништени рудници, запуштена рударска механизација и празни акумулации, беше наследството од СДСM. При преземањето на компанијата, ЕСМ е затекната во исклучително тешка финансиска состојба со производствена цена од 140 евра за мегават-час, загуби од повеќе од 130 милиони евра и доспеани, неплатени обврски кон деловни партнери над 80 милиони евра, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Се уште се расфрлаат со пофалби дека успешно менаџирале и работеле со добивка, која всушност е целосна лага. Средствата што ги добивале од Владата ги прикажувале како приход на компанијата, а всушност работеле со огромни загуби. Ова е реалната слика што ја оставија претходниците кои директно ја загрозија стабилноста на целиот енергетски систем и како држава станавме зависни од увозен јаглен. Таквата девастација на стратешки најважната компанија интензивно се санира. 

СДСM нема никаков легитимитет да ја коментира енергетиката. Потценува докажани и стручни кадри, а во нивно време директори на комбинатот беа Васко Ковачевски и Пеце Матевски. 

Реклама

Против раководствата кои ја управувале компанијата во периодот од август 2017 до август 2024 поднесени се пријави до надлежните институции, и веруваме дека сите до еден ќе одговараат за своите злосторства во АД ЕСМ.

И да не заборавиме, освен уништување на една од најголемите државни компании, во седум години владеење од 2017 до 2024 година, СДСM не успеа да изгради ниту еден нов капацитет за производство на електрична енергија.