Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Македонија е држава која се вбројува меѓу земјите кои издвојуваат значителни средства…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е држава која се вбројува меѓу земјите кои издвојуваат значителни средства за правосудството и кои на судиите и обвинителите, согласно закон, им обезбедила високи примања, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека секоја година од државниот буџет за македонското судството се одвојуваат дури 0,39% од БДП.

„Со овој процент ние одвојуваме повеќе дури и од далеку помоќните економски европски држави како Франција која за судството одвојува 0,20%, Германија 0,30%, Грција 0,26% од БДП. Нашиот сосед Албанија издвојува 0,29% од БДП, Молдавија 0,35% и Грузија 0,23%.

Реклама

Овие податоци покажуваат дека иако Македонија е мала држава и по територија и население, сепак за правосудството издвојува значителни средства од државниот буџет. Ова значи дека нашата држава во правосудството вложува најмногу од сите погоре набројани држави, а добива најмалку.

Согласно вложувањата и обезбедените финансиски средства ние требаше да имаме најнезависно и најефикасно правосудство, но наместо тоа граѓаните гледаат бавни постапки, нерешени предмети, одложувања без основ, политички влијанија и недоверба. Судниците се претвораат во места каде што правдата се чека, но истата ретко се добива, а понекогаш, таа воопшто не ни стигнува.

И во вакви околности кога Македонија процентуално од БДП издвојува најмногу средства за правосудството во регионот и Европа, а судиите земаат и до три просечни плати, некои и повеќе, а резултатите од нивната работа се минимални, сепак бараат уште“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема ниту резултати, нема ниту правда, ниту квалитет, ниту реформи, а плаќаме најмногу и добиваме најмалку. Наместо фокусот да им е само за повисоки плати, нека се зафатат за работа и нека покажат резултати од работењето за да ги оправдаат и сегашните највисоки во регионот.

Правосудството е зрело за реформи и тие мора и ќе се случат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.