Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Предолго Филипче наместо мерки водеше ПР со епидемијата, затоа Македонија ја снајде катастрофа – 22 починати и 1.192 заразени во еден ден

Додека министерот геноцид, Венко Филипче прави хумористични видеа Македонија има нов најцрн…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека министерот геноцид, Венко Филипче прави хумористични видеа Македонија има нов најцрн ден во епидемијата со корона вирусот. Бројот на заболени во последното деноноќие е 1.192 и на 22 починати лица, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче нема кого не обвини за својата неспособност, ама редно време е да собере храброст и да поднесе оставка. Неспособноста на власта да се справи со епидемијата граѓаните ја плаќаат со своето здравје и со своите животи. Премногу долго Филипче се справуваше со заразата само со гол ПР, со статистички прес конференции, со флоскули дека се е под контрола и заради тоа имаме катастрофална состојба. Вирусот се шири без контрола, никој не знае какви кластери има, граѓаните не можат да закажат тестирање, а за жал се повеќе луѓе не можат да си обезбедат здравствена заштита и нега, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче и Заев имаа девет месеци да се подготват за есенскиот бран, арно ама ништо не сработија. Наместо мерки тераа политика, наместо заштита на граѓаните тие водеа политички маркетинг. Резултатот на тоа сега е држава која е црн рекордер во регионот и пошироко во Европа по број на заболени и смртност.

Реклама

-Мора да има одговорност од Заев и од Филипче за катастрофата која ја снајде Македонија, стои во партиското соопштение.