Реклама

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поранешниот директор на АНБ, Димовски призна дека во време на власт на СДС биле следени членови на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски

Виктор Димовски, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност призна дека за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Виктор Димовски, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност призна дека за време на неговиот мандат во време на владеење на СДСМ, биле следени и прислушкувани луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во интервју за медиум, Димовски беше прашан дали ВМРО-ДПМНЕ беше таргет на АНБ, при што призна дека тогаш било период неколку изборни циклуси и повикувајќи се на членството во НАТО, имале обврска да направат процена за следење при вакви настани.

„Поаѓајќи од обврските што ги имавме со членството во НАТО алијансата имавме обврска, секогаш при важни настани кои се случуваа во земјата, имавме тука неколку циклуси избори. Исто така, имавме обврска и во поглед на размена на информации со партнерски служби, да правиме проценка во поглед на загрозување на безбедносните состојби во пресрет на случувања на вакви значајни настани“, отворено призна Димовски.

Реклама

Димовски исто, му ја поби тезата на СДСМ која ја пласираат денови, и призна дека во таканаречените „делчевски ниви“ нема ништо и тоа не било предмет на работа на агенцијата.

Понатаму во интервјуто, Димовски не негира дека биле следени медиуми, туку оди дури до таму што признава дека новинарот Љупчо Златев биле предмет на обработка.

„Можам да се сетам само за еден новинар којшто беше пријавен од страна на агенцијата заради објавување на класифицирани документи“, додавајќи дека новинарот Златев бил и соодветно процесуиран.

Со сето ова поранешниот директор на АНБ од СДСМ, Димовски ги призна тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека во време на нивна власт, биле следени и прислушкувани луѓе членови на партијата, меѓу кои и претседателот Христијан Мицкоски, како и новинари.