Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Популизмот на Апасиев и Левица се распадна пред доказите за луксузот, џиповите и имотите во Центар

Паднаа маските на Димитар Апасиев и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додека Апасиев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паднаа маските на Димитар Апасиев и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додека Апасиев глуми загрижен и продава скромност, пред очите на јавноста излегоа докази и документи за тоа како преку ноќ Левица купила имот од 409 м2 во строг Центар во Скопје по багателна цена за 700 евра квадрат, но Град Скопје им пресмета дека тој простор вреди многу повеќе, односно 1.150 евра за метар квадратен.

Додека Апасиев на своите членови од Левица и граѓаните им продава демагогии и гол популизам стана очигледно неговото луксузирање по грчките плажи, нов џип, кафе бар и нов имот на партијата.

Апасиев и Левица го манипулираат и лажат своето членство дека купиле подрум, но на виделина излегоа документи каде, всушност, освен подрум таму има и приземје и локал.

Реклама

На тоа место, кое е над земја три-четири метри исто така е регистриран и локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Сопственикот на истиот е член на Централниот комитет на Левица, Зоран Ивановски кој истовремено е и член на УО на ЈП Водовод и канализација.

Падна во вода приказната која Апасиев сакаше да ја продаде на народот како дете на стечајци и одење на работа со велосипед, до скап џип паркиран на тревник пред Собрание и луксузирање на грчките плажи, додека во исто време партијата купува имоти во строг Центар на Градот и отвoра кафе барови, стои во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.