Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: По насока на Заев, Филипче ја стави СДСМ во служба на туѓи политички агенди

СДСМ на чело со Венко Филипче наместо да си ја реформира партијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ на чело со Венко Филипче наместо да си ја реформира партијата која се повеќе губи доверба кај граѓаните избра да се занимава со политички инженеринг во други држави. СДСМ и Венко Филипче наместо да се борат за довербата на сопственото членство и граѓаните тие градат фронтови за туѓи потреби, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Филипче по насока и инструкции на Заев и Башановиќ се ставија на располагање на политички агенди на туѓи држави само поради личните бизнис интереси на Зоран Заев.

Генералниот секретар на СДСМ, Димитријевиќ на средбата во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичка партија на Србија и Јован Ратковиќ, член на претседателството на Социјалдемократска странка, договориле заедничка соработка за формирање на опозициски фронт со кој ќе делуваат на српската политичка сцена.

Реклама

Средбите во Скопје меѓу српските опозиционери и раководството на СДСМ не се случајни, ниту пак се водени од принципи. Напротив, тие се дел од координирана акција креирана по насоки на Заев и Башановиќ, со јасна цел, остварување на лични и бизнис интереси надвор од Македонија.

Додека државата се соочува со сериозни предизвици, СДСМ избира да се занимава со политички инженеринг во друга држава. Ова не е политика. Ова е злоупотреба на партијата и целосно отуѓување од реалноста во Македонија.

За чии цели и поради кои интереси Заев и Филипче работата на оваа платформа?

Овој начин на делување на СДСМ преку Димитриевиќ поради личните цели на Заев и Башановиќ ја доведе СДСМ до ниво на маргинална партија во државата.

СДСМ се распаѓа, ја губи поддршката кај сопственото членство и граѓаните и се претвора во алатка на поединци за остварување на нивните интереси.

Македонија заслужува одговорна и посветена опозиција, а не партија што работи по туѓи инструкции и за туѓи интереси додека интересите на граѓаните за СДСМ се во втор план.

Време е за јасна одговорност и конечно расчистување со ваквите политики.