Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче, главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум

Сервилноста и поданството на СДСМ и Венко Филипче кон туѓи држави и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сервилноста и поданството на СДСМ и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДСМ и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само 4%, СДСМ и Венко Филипче се свртија на нивната добро позната тактика, да одработуваат за туѓи интереси, да ја кодошат државата и од опозиција да ветуваат отстапки во надеж дека некој ќе ги донесе на власт.

Немајќи што да им понудат на граѓаните и сакајќи да се додворат, СДСМ и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Радев, во секој негов настап е дециден дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања.

Реклама

Исто така, Филипче ја поддржува и бугарската позиција дека Македонија нема проблем со источниот сосед туку дека барањата за промена на уставот се европски, кога и претставници на земји членки на ЕУ велат дека не треба евроинтеграцијата да се билатерализира.

Само СДСМ, Венко Филипче и лојалистите на Заев кои лично ги постави во партиските структури веруваат дека уставните измени се последната пречка за Македонија и бараат нивно спроведување без никакви гаранции.

Наместо да застанат на вистинската, македонската страна и да ја бранат државата, СДСМ и Филипче по стапките на Заев, да можат уште еднаш ќе го сменат името за да дојдат на власт и да крадат. 

Тоа што Заев го започна, Филипче без никаков проблем сака да го заврши, само и само да дојде до фотелја.

Со ваквите антидржавни политики, СДСМ, Заев и Филипче само му носат штета и ја блокираат државата, а од друга страна партијата ја водат кон исчезнување.

СДСМ и Филипче да ја остават сервилноста и одработувањето за туѓи интереси. Со предавства и антидржавна политика не се доаѓа на власт, на власт се доаѓа со гласот на граѓаните и победа на избори.