Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот

Овој правосуден систем подобен и во служба на моќни поединци, со години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овој правосуден систем подобен и во служба на моќни поединци, со години се градел и секогаш кога ќе се јави потреба инсталациите од СДСМ и ДУИ во него се активираат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога некој од блиските на СДСМ и ДУИ ќе се најдат во тесно и во судир со правдата, како по нарачка од одговорност ги спасуваат нивните луѓе во судството.

Судии и обвинители, пресудуваат во нивна корист, враќаат постапки на повторни судења, укинуваат пресуди, затвораат истраги, само за да им угодат на нивните наредбодавци.

Реклама

Во таквите постапки, инсталациите на СДСМ и ДУИ во правосудството никако не се на линија за правдата и законот, а такви изминатиов период имаше многу кои македонските граѓани тоа јасно ги видоа.

Роднински, пријателски, партиски, комшиски врски со СДСМ и ДУИ, биле предуслов за да стане судија или обвинител и да се напредува во кариерата и да се искачуваат повисоко во хиерархијата на правосудниот систем.

Меѓу предметите кои не го видоа светлото на правдата се предметот Мазут, тежок 167 милиони евра, затворената истрага за набавката на модуларните болници, каде главен осомничен требаше да е Венко Филипче, укинатата пресуда за Ласкарци каде животот го загубија 16 лица и ред други.

Со ваквите постапки, каде поединци место да се гонат и судат, со сите сили се штитат, поединците во правосудството стануваат соработници на криминалот и корупцијата.

Овие судии и обвинители блиски до СДСМ и ДУИ, кои среќа што се во мал дел од правосудството, со нивните одлуки спротивни на правдата, го корозираа правосудниот систем до ниво на 2% доверба од граѓаните.

На овој систем мора да му дојде крајот, затоа што македонските граѓани сакаат независен и непристрасен правосуден систем во служба на словото на закон.