Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро го осудува палењето на куќата на Александар Пандов и бара брза реакција од институциите

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, и повикува на итна и брза реакција од страна на надлежните институции. Во соопштението на партијата се истакнува дека овој чин претставува обид за заплашување и замолчување на Пандов, кој изминатиот период јавно зборувал за криминалните дејствија кои се случувале, а кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги прикријат.

Како што се наведува во соопштението, Пандов е цел на напад затоа што се спротивставил на криминалот и корупцијата, и се ставил на страната на правдата. ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека криминалците повеќе не ќе имаат заштита од власта, а за ваквото девијантно однесување ќе има казни.

„Времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши. За секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност. Правда мора да има“, се посочува во соопштението на владејачката партија.