Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Остануваме посветени на европската иднина, преку ,,Роаминг како дома“ граѓаните ќе имаат пониски трошоци и подобра поврзаност

Почнат е процесот за приклучување на Македонија  кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“. Роамингот како дома претставува една од најконкретните придобивки од европската интеграција, која директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните преку пониски трошоци и полесна комуникација во странство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во таа насока, законската рамка во земјава е веќе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнат е процесот за приклучување на Македонија  кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“. Роамингот како дома претставува една од најконкретните придобивки од европската интеграција, која директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните преку пониски трошоци и полесна комуникација во странство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа насока, законската рамка во земјава е веќе усогласена со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации.

На состанокот што е закажан за 12 јуни 2026 година, претставници на Европската комисија заедно со министрите од државите од Западен Балкан ќе се разгледуваат различни аспекти поврзани со процесот на приближување кон европските дигитални иницијативи.

Реклама

Со приклучувањето кон оваа иницијатива ќе се овозможи подобра поврзаност, пониски трошоци и поголема интеграција во европскиот дигитален простор, со што Македонија дополнително ќе се доближи до европските дигитални стандарди.

Граѓаните ќе можат да користат интернет, СМС-пораки, повици и други мобилни услуги во земјите од Европската Унија, по цени како во домашниот сообраќај.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската иднина на Македонија, како и на дигитализацијата и модернизацијата на државата.

Во јавноста често се слушаат тврдења за проевропска ориентација од страна на опозицијата, иако, според нивните досегашни политики во периодот кога беа на власт, недостасуваа конкретни резултати и реализација на најавените проекти.

За разлика од тоа, актуелните политики се насочени кон конкретни, мерливи и директни придобивки за граѓаните.