Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Околу 400 анализи за неисправна вода во време на СДСМ, Министерството за здравство знаело, но Филипче како министер молчел, ја прекршил и Хипократовата заклетва

Филипче и СДСМ со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче и СДСМ со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода. Со години граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДСМ располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни неправилности, а институциите не презеле соодветни мерки ниту навреме ги предупредиле граѓаните да не ја користат водата. Тоа отвора сериозни прашања за институционалната одговорност и за начинот на кој било заштитувано јавното здравје.

Венко Филипче се обидува да зборува за заштита на здравјето на граѓаните, додека тој знаел за овие анализи, а молчел и криел од јавноста. Документите и фактите покажуваат дека токму во периодот кога Филипче беше министер, Министерството за здравство располагало со извештаи за небезбедна вода, а јавноста останала без информација.

Реклама

Документите покажуваат конкретни случаи:

На ден 12.08.2021 година, чешма во здравствен дом во М.Каменица не била исправна.

На 27 јули 2021 година е констатирана неисправна вода на чешма пред училиште во село Гумалево, Општина Зелениково.

На 29 јуни 2021 година, по земена мостра од локален водовод во Дебарца, е утврдено отсуство на резидуален хлор, поради што водата била небезбедна за пиење.

На 11 мај 2021 година, во Требеништа, Општина Дебарца, е утврдена микробиолошка контаминација и присуство на бактеријата Ешерихија Коли.

На 6 јули 2021 година, во одморалиштето Пониква кај Кочани, анализите покажале дека водата не ги исполнува законските стандарди поради зголемен број бактерии и присуство на Ешерихија Коли. Сето ова додека Филипче е министер за здравство и до него биле праќани овие извештаи.

Ако овие информации биле познати на Министерството за здравство, зошто граѓаните не биле известени? Зошто Филипче како министер и СДСМ тогаш молчеле и не го решиле овој проблем? Зошто не биле преземени мерки за отстранување на ризикот? И зошто денес оние што молчеле се обидуваат да држат лекции за јавно здравје?

Дали Венко Филипче како министер и доктор ја прекршил и Хипократовата заклетва и дозволил граѓаните да консумираат вода која претставувала ризик за здравјето на тие кои ја консумираат?

Молчењето кога постојат информации за небезбедна вода не смее да остане без одговорност.

Поднесени се пријави до Министерството за внатрешни работи. Очекуваме Јавното обвинителство темелно да го испита целиот случај, да утврди дали постоело прикривање на информации и дали со непостапувањето биле загрозени здравјето и животите на граѓаните.

Одговорност мора да има. Никој не смее да биде над законот, без оглед на функцијата што ја извршувал.