Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години постоење – „Македонија забрзува, наша обврска“

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир. Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир.

Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ кој верува во својата иднина.

На настанот ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

Реклама

-Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија – идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ. Во овие 36 години имавме и тешки моменти и големи искушенија. Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа, вели Мицкоски во видео пораката што ја објави на својот фејсбук профил.

Според Мицкоски, денес партијата гледа напред, зборува за за развој, за економски раст, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерна инфраструктура, за подобро образование, здравство и институции кои работат во служба на граѓаните.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на прес-конференција рече дека изминатите 36 години беа проткаени со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено.

-Ова е ден кога ја одбележуваме историјата која не обврзува и иднината која доаѓа. Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која не обединува сите нас, сите кои сме за Македонија која има сопствен пат и сопствена иднина. Во среда, 36 години подоцна, ќе го одбележиме патот кој го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат. Факт е дека оттогаш до денес за Македонија и за граѓаните патот не беше лесен. Но, патот беше проткаен со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено, истакна Ковачки.

И тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ сега е фокусира на иднината на Македонија и нејзините граѓани.

-Затоа одлучно работиме на подобар стандард на граѓаните, на развиена економија, на отворена соработка, одлучно работиме за подобра Македонија која достоинствено чекори кон ЕУ. Пораката „Македонија забрзува. Наша обврска”, ја нагласува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија, потенцира Ковачки и подвлече дека на собирот се добредојдени сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот на државата.

Ова е момент, дополни генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кога граѓаните треба да покажат дека заедно можат повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа.

На 17 јуни 1990 година беше одржано Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје.