Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче

Венко Филипче во друштво на Тони Котев сопственикот на илегалната дрога, нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче во друштво на Тони Котев сопственикот на илегалната дрога, нема скандал ниту криминал а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Откако со денови СДСМ растура пердуви во јавноста за запленетата дрога обидувајќи се да ја скрие блискоста на структурите на СДСМ и кланот Заеви вистината излезе на виделина.

Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДСМ, Тони Котев но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа.

Реклама

Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Очигледно е дека тие двајца добро се познавале и соработувале.

Фотографијата покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегална марихуана.

СДСМ и Венко Филипче наместо да шират лаги и да ја манипулираат јавноста да кажат зошто се толку потресени и водат жолчна кампања околу запленетите над 30 тони дрога?

Дали кланот Заеви и Филипче се вмешани па затоа СДСМ се исплашени?

Дали токму поради тоа во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал?

Нема скандал, криминал и корупција а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче.

ЈО да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30те тони запленети дрога.