Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

Во историјата една држава и народ, секоја генерација си има свои предизвици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во историјата една држава и народ, секоја генерација си има свои предизвици и борби, така и Македонците и македонската држава. Додека претходните генерации се бореле слободна и самостојна држава, кога започна со славното Илинденско востание во 1903 година и првата република на Балканот, Крушевската Република, па продолжи со вториот Илинден и првото заседание на АСНОМ во 1944 година, новата генерација политичари имаат поинаква, но не помалку тешка обврска и задача, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Задачата на новата генерација е да ја зачува Македонија силна, да ја направи економски просперитетна, праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се остане, да се работи, да се создава, да се основа семејство и да се гради иднината дома, во својата татковина.

И оваа битка е подеднакво тешка затоа што освен надвор, борбата треба да ја водиме и дома, затоа што во државата имаме политички гарнитури кои за власт се спремни да распродадат се што останало од националните обележја, тоа што нивните претходници не успеаја да распродадат.

Реклама

И така, чекајќи некој да ги донесе на власт во замена за нови предавства, наместо натпревар со идеи, концепти и предлози, создаваат хистерија, шират лаги, омраза, дефетизам дека оваа држава нема да успее и дека единствениот излез за младите генерации е билет во еден правец.

Но, тоа што им порачуваме, ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се откаже од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење, заеднички дом за сите и иднина. Народот никогаш нема да биде разочаран и никогаш нема да биде прифатено однесувањето од минатото на отстапки од националните идентитетски прашањата на евроинтегративниот пат, по ниедна цена.

Затоа ги повикуваме граѓаните да не паѓаат во замката на талогот кој борците за власт со предавства, а не со победа на избори и натпревар од добри идеи и програми, го создаваат. На нив не може да им се верува, тие на секој државен успех гледаат со цинизам и омраза 

Обврска на сите нас е да се избориме со овој општествен слој, заеднички да го вратиме достоинството на чесниот и родољубив човек, да ја врати вербата во институциите, да ја зачува душата и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество.

Денес не се води само економска борба за повеќе инвестиции и за подобри услови за живот, туку и против домашните предавници и злонамерници и отровот кој го шират една иста група луѓе кои секој викенд се на јахти, договараат и се нудат за нови отстапки, заеднички со напатениот народ ќе биде спречен.

 Исто така, битката за иднината на младите е одлучувачка и затоа ќе се избориме да изградиме држава во која законите важат за сите, со одлучна борба против криминалот и земја каде трудот се цени, а младите не се принудени да заминуваат.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи омразата и песимизмот да станат национална идеологија, туку ќе се избориме и заедно со народот ќе останеме исправени, обединети и достоинствени.