Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не смее да се дозволи корумпираниот Заев и неговите неспособни соработници од 1 септември да предизвикаат хаос и во образованието

Учебната година започнува за еден месец а власта на СДСМ и Зоран…

Сподели:

Учебната година започнува за еден месец а власта на СДСМ и Зоран Заев е тотално неспособна за да го менаџира образовниот процес, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека СДСМ и Заев не успеаја да се справат ниту со здравствената криза, ниту со економската, а сега на повидок е уште една криза на поле на образованието.

-СДСМ, МОН и Комисијата за заразни болести која е под политички диктат на Заев не работи во интерес на учениците и просветните работници. Ваквата неажурност, неспособност и хаос кој што го приредува власта мора да заврши, велат од партијата.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ нуди решение во 10 точки:
1.Часот во училиштата каде ќе се одвива физичка настава да трае 20 минути, со една паралелка во една училница! наставниците ќе работат со групи по 15, наместо по 30 ученици. Прекувремената работа на наставниците треба да биде со нивна согласност и истата да биде платена.
2.Со вака организираниот час од 20 минути училиштата може да рабoтат во 3 смени.
3.Предлог часови да бидат снимени и достапни на учениците во секое време. часовите треба да ги снимат во моментот кога ќе ја изведуваат наставата или ден пред тоа кога ќе се подготвуваат за час.
4.Наставниците треба да работат од училиште, не од дома. Еден наставник само во една училница да држи час.
5.На вака организираниот час може да присуствуваaт деца кои немаат соодветна опрема за да следат онлaјн настава, со сите превземени мерки за заштита. Тие сигурно нема да бидат пoвеќе од 15 во една паралелка.
6.За вака да работат наставниците, заедно со општините, треба да се обезбеди по еден компјутер во секоја училница и солидна интернет врска за часот непречено да се одвива.
7.За да можат наставниците да работат од училиште треба да се отворат градинките.
8.Ако недостасува персонал за организирање на дневниот престој, може да се ангажираат студентите од последните години на студии на наставничките факултети.
9. За практичната настава во средните стручни училишта треба да се организираат учениците по пет во група во повеќе смени.
10.Да се одреди една или две унифицирани платформи за спроведување на онлајн настава и за истите да се организира обука.

-Сето ова ќе значи овозможување на непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата. Потребно е МОН навремено да реагира и да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, за да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година. Власта на СДСМ покажа дека единствено само добро знае да организира криминал, корупција и рекет. СДСМ и Заев потфрлија на секое поле и ја покажаа на дело нивната негрижа, неодговорност и неорганизираност, нагласуваат од партијата.