Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не помина обидот на Заев за замолчување да не се зборува вистината за неговите криминали, судот во Струмица се прогласи ненадлежен за неговата тужба

Правдата знае да доцни, но секогаш го наоѓа патот да излезе на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правдата знае да доцни, но секогаш го наоѓа патот да излезе на виделина. Помина времето на импровизации и злоупотреби на правниот поредок во државата, за свои цели на одредени поединци или локални моќници. Сега, секој поединец е еднаков пред правосудните органи, нема привилегирани и заштитени, законот важи еднакво за сите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа можеме да го констатираме и од последната одлука Основниот суд во Струмица, кој се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во обид да го замолчи да ја зборува вистината.

Многу веројатно, Струмица и струмичките институции, Заев да ги сметал за свој пашалак каде што секој прави како што тој ќе каже, па на ваков начин ќе влијае врз пресудата, па затоа одлучил тужбата да ја поднесе до овој суд.

Реклама

Или пак, поранешниот премиер, кој своевремено бил на чело на владиното телото за реформи во правосудството, заедно со својот адвокат – роднина, навистина не разбираат ништо од правото.

Тоа што е важно, е што блефови и неиздржани аргументи не поминуваат. Ослободени од стегите правосудните органи одлучуваат согласно законите, а не според нарачките на и желбите на поединци.

Владеење на правото и правна држава во Македонија ќе има. Секој кој се огрешил и работел спротивно на закон, ќе одговара.