ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.
Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување. Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите.

