Реклама

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Штипско Ново Село ќе прерасне во музеј на отворено

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Македонија

Тетовец осомничен за напад врз невенчаната сопруга, приведени и лица за семејно насилство во Неготино, Велес и Охрид

Триесет и шестгодишен жител на Тетово доби кривична пријава поради сомнение за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Триесет и шестгодишен жител на Тетово доби кривична пријава поради сомнение за кривично дело „телесна повреда“, откако, според МВР, психички ја малтретирал и физички ја нападнал својата невенчана сопруга.

Во друг случај во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.А.(30), по пријава од неговата 25-годишна вонбрачна сопруга дека физички ја нападнал додека се возеле во автомобил. Според пријавеното, тој подолг период физички и психички ја малтретирал и ѝ ја ограничувал слободата на движење. По документирањето на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Неготино биле приведени Ќ.Ј.(42) и неговата 70-годишна мајка, откако 35-годишна жена пријавила дека била физички нападната од вонбрачниот сопруг, додека неговата мајка ѝ упатувала закани. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи.

Реклама

Во Велес, пак, полициски службеници привеле 69-годишен велешанец по пријава дека во домот физички го нападнал својот 44-годишен син, при што употребил дрвени предмети. При проверките било утврдено дека бил под дејство на алкохол.

МВР информира и дека во Охрид е приведена 37-годишна жена поради пријава дека агресивно се однесувала и физички нападнала малолетен член на семејството.

Во Куманово бил приведен 33-годишен кумановец поради агресивно однесување кон својот татко во семејниот дом, а во Струмица полицијата постапувала по два случаи на семејно насилство. Во едниот случај бил приведен 45-годишен струмичанец кој агресивно се однесувал кон својата сопруга, а во другиот 38-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на сите случаи, по што против осомничените ќе следуваат соодветни пријави.