Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и лидерот на партијата „Јашар“, Гади Ајзенкот, денеска треба да разговараат за можноста за формирање влада на национално единство.
Ова доаѓа откако Нетанјаху му понуди на Ајзенкот прв да ја извршува функцијата премиер, во рамките на договор за ротација. Претходно, Ајзенкот ги повика Нетанјаху и неговиот тим на итни разговори, наведувајќи дека е подготвен сериозно да ја разгледа понудата за формирање влада на единство.
Тој истакна дека неговиот тим речиси три недели се обидувал да иницира преговори, но наидувал само на одбивања и избегнување одговори. Тој додаде дека партијата на Нетанјаху, „Ликуд“, сè уште нема одговорено на деталниот предлог што им бил доставен.
Според Ајзенкот, предлогот опфаќал суштински политички и програмски прашања, а неговата страна била подготвена на значителни компромиси.
