Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони народни пари требаше да завршат во џебовите на Заев и Филипче со планот за преземање на болницата Жан Митрев?

Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДСM и Венко Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секојдневно на виделина излегуваат нови факти дека на СДСM и Венко Филипче за време на 7 годишното владеење приоритет не им биле граѓаните туку сопствените лукративни цели и интересите на тесен круг луѓе блиску до врхушката на СДСM како и бизнис зделките договорени со менторот Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во низата афери најскандалозен е случајот со планот на Филипче и Заев за преземање на болницата Жан Митрев кој во јавноста доби потврда и од самиот доктор Жан Митрев.

Филипче и Заев имале точно разработен план како да ја преземат болницата Жан Митрев. Класичен модел на делување на кланот Заеви и Филипче преку притисоци, уцена, закани, злоупотреба на институциите и влијание врз судски постапки да остварат лични цели и огромен профит.

Реклама

За таа цел Филипче и Заев имале добро подготвен план за што говори фактот со зголемувањето на сумата од ФЗО која се префрла на Болницата. Сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупла за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.

Планот за преземање на приватна болница не им поминал, што буквално би значело приватизирање на народни пари.

Филипче да не молчи и да одговори дали навистина имал за цел со преземање на болницата Жан Митрев да си приватизира за лична корист, пари од народот?

Колку ќе профитирале Филипче и Заев од зделката за планот што го скроиле и колку народни пари ќе завршеле во нивните џебови?

ЈО да го истражи случајот со Клиничката болница Жан Митрев.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена за заштита на јавниот интерес и борба против криминалот и корупцијата.