Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони ја чинат Македонија и македонските граѓани златните визи на Заев и Филипче во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да бара одговори за златните визи во Дубаи на Зоран…

Сподели:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да бара одговори за златните визи во Дубаи на Зоран Заев и Венко Филипче. Владејачката партија предупредува дека јавноста и граѓаните заслужуваат одговори, а не изговори или молк.

„СДСМ, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства. Наместо празни зборови и небулозни соопштенија, СДСМ треба да ги охрабри Заев и Филипче да одговорат на едно едноставно прашање – да кажат дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи? Од каде им се милионските трансакции кон Дубаи и на кој начин ги стекнале тие средства? Дали се тоа провизии од зделки и тендери во четири очи?“

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат и Венко Филипче, за кого сметаат дека му ја чува фотелјата на Заев додека тој гради згради во Дубаи, наместо да глуми загрижен за социјалдемократските вредности, да им каже на сопартијците и граѓаните дали поседува златна виза и дали има луксузен стан во Дубаи.