Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каква релевантност има попис за кој власта веќе се договорила, со чии резултати, бројки и проценти веќе јавно лицитираат

Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција, а не статистика. Самиот факт што за релевантноста на резултатите потребен е врзан потпис на директорот и заменик директорот на ДЗС доволно покажува дека се работи за политички пазар на партиите од власта, што не гарантира реални податоци, туку фалсификат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНе.

Од партијата посочуваат дека Заев покажал дека кога се работи за неговата политичка кариера е подготвен на секаков политички пазар, па и овој попис е нова епизода од неговите пазарења.

Законот за попис и пописот, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се спротивни на сите европски стандарди и затоа се уште нема методологија на само два месеци пред пописот.

Реклама

-На пописот по стандарди на Заев се предвидува да се попишуваат лица нерезиденти кои се иселени од Македонија, спротивно на сите стандарди за попис на постојни жители. Патем попишувањето може да се врши со обично диктирање на матични броеви, без приложувања на документи и дополнително таквите информации да ги дава лице кое добро ги познава другите лица за кои ќе соопштува податоци. Ваков попис никаде не е виден, целосно спротивен на стандардите на Еуростат. Дополнително, власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани. Ова може само да гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти. За каков релевантен и легитимен попис тогаш може да се говори, кога истиот се спроведува по принципот „како Заев замислува попис“, се наведува во соопштението на партијата.