Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Како ќе се справат Заев и Филипче со корона кризата, кога не го намалија бројот на заразени во лето, а допрва следува сезона на грип?!

Заев и Филипче целосно потфрлија. Бројот на ново заразени од коронавирус на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев и Филипче целосно потфрлија. Бројот на ново заразени од коронавирус на дневно ниво не паѓа под 200. Само во текот на вчерашниот ден имавме нови 225 заболени и 8 починати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека здравствениот систем менаџиран од Заев и Филипче не може да се справи со проблемите предизвикани од коранавирусот.

-Македонија е на прагот на есента и бројките се троцифрени. Уште не е почната сезоната на грип, а ние веќе имаме наплив на заразени. Ако состојбата е алармантна денес, што можеме да очекуваме за месец или два?! Државата е буквално пред колапс на здравствен план и за тоа Заев и Филипче мора да сносат одговорност.
Несериозноста оди до таму да нема ниту сезонско вакцинирање против грип, а сезоната на грип само што не почнала. Македонија беше единствена држава, која поради неспособноста на Заев и Филипче немаше крај на првиот бран на коронавирус, туку е во континуиран бран од почетокот на пандемијата до денес. И бројките не се намалуваат туку растат од ден во ден и секој ден имаме нов пик. За ова одговорност мора да има. Дотолку повеќе што Филипче тврдеше дека бројот на заразени нема да надмине над 2000. Дека власта нема план за справување со кризата покажува и тоа што често заболени имаме и деца од градинки, но и од училишна возраст. За несигурноста која ја внесоа кај граѓаните, мора да има одговорност, се наведува во соопштението.