Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Каде застана Заев продолжува Филипче, едниот бришеше „македонски“, другиот сака да ја впише придавката „северномакедонски“

Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче. Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДСМ, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Филипче, не само што немаат проблем што дел од соседите не нарекуваат со тој термин, туку тие се горди на своето дело и за нив тоа претставува и голем успех.

Како пиун на новиот бугарски премиер, Румен Радев, како некогаш Заев на Борисов, Филипче и неговата СДСМ немаат проблем да водат антинационална и антидржавна политика, која е во интерес на бугарските власти.

Реклама

Само за нив, нема ништо лошо Бугарија да го негира нашето постоење пред 1944 година, нашите револуционери и дејци да бидат нивни и нашиот македонски јазик да го сметаат за дијалект на бугарскиот јазик. Ова негирање СДСМ и Венко Филипче дури и не го ни гледаат.

Како приврзаник и послушник на Радев, Филипче и СДСМ се единствените кои повикуваат прифаќање на бугарскиот ултиматум и бараат итно спроведување на уставните измени, кои се првиот чекор од сетот барања кои самата Бугарија, односно нејзините власти, јасно кажуваат дека понатаму ќе ги има.

Ова само докажува дека СДСМ и Венко Филипче се на иста линија со Бугарија, барањата, ставовите и речникот им се исти. Нема разлика меѓу официјална Софија, СДСМ и Филипче.

Вака отворено против својата држава и народ може да делува и работи само уценет политичар, друго објаснување за ваквата антидржавна политика, нема.

Иако изминативе дена јавно го прашуваме, Филипче молчи и одговара со што толку е уценет од група бугарски политичари за вака антидржавно и антинародно да се однесува, и дали во оваа уцена е вклучен и неговиот ментор, Зоран Заев.

Кога веќе Филипче не одговара на прашањата, му упатуваме апел да се вразуми и да почне да работи и делува во заштита на македонските интереси, а не како до сега главен лобист на бугарската агенда.

На Македонија и се потребни јасни гаранции дека уставните измени ќе бидат последното барање и последната отстапка што државата ќе ја направи на евроинтегративниот пат и тоа може да се постигне само со национален консензус на сите домашни политички чинители.

Влезот на Македонија во ЕУ треба и мора да биде достоинствен, како што прилега на една горда и исправена држава, со исполнети Копенхашки критериуми, а не понижена со национални и идентитетски отстапки.