Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јорданов нуди визија, план и проекти за Штип и штипјани

Иван Јорданов е вистинскиот избор за градоначалник на општина Штип и во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иван Јорданов е вистинскиот избор за градоначалник на општина Штип и во следните 4 години. Јорданов со својата работа, посветено и одговорно работење докажа дека Штип може и мора да се развие во модерна, европска и урбана општина, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатите 4 години, Јорданов успеа да реализира голем број на проекти, од реконструкција на улици и локални патишта, изграден булеварот Партизанска, изградени мултифункционални паркови и спортски центри, реконструирани училишни сали, изградени обиколници, изграден резервоар за вода и многу проекти за штипјани.

За да продолжи Штип да се развива и да се гради во иднина, потребна е масовна излезност и поддршка за Иван Јорданов на 19 октомври со заокружување на бројот 9.

Реклама

Приоритетни проекти за следните 4 години на коишто се обврзува Јорданов е изградба на најголемиот и најмодерен спа-центар во Македонија во непосредна близина на бањата Кежовица. Истиот ќе биде препознатлив по исклучително лековитата вода, а со тоа Штип ќе се впише на мапата на градови со развиен бањски туризам.

Потоа, Универзитетски клинички центар Штип. Општина Штип ќе ги создаде сите потребни просторни, правни, урбанистички и комунални услови за да се доизгради и пушти во употреба Клиничкиот центар во Штип, капитален проект на Владата на Македонија. Овој проект ќе значи одлични услови за медицинска нега на нашите сограѓани, пациенти, современи услови за работа на медицинскиот персонал и Медицинскиот факултет и нови работни места за граѓаните на Штип.

Понатаму нов објект за студентите на Универзитетот во Штип. Општина Штип ќе ги создаде сите потребни просторни, правни, урбанистички и комунални услови за да се испланира, изгради и пушти во употреба објект за студентски дом и просторни услови за Медицинскиот факултет при Универзитетот во Штип, капитален проект на Владата на Македонија.

Реконструкција на водоводната, мрежа на улиците „Еврејска“ и „Питу Гули“. Водоводната линија на улиците „Еврејска“ и, Питу Гули“ е стара и дотраена претставува сериозен проблем за, жителите, поради честите дефекти и големите загуби на вода. Затоа ќе се замени целата инфраструктура за да се обезбеди стабилно и квалитетно водоснабдување.

Изградба на Дом за стари лица. Со ова ќе се обезбеди сместување, помош и поддршка на повозрасните граѓани и тоа од страна на стручни лица. Пензионерите ќе добијат згрижување, исхрана, облека, здравствена заштита и други услуги во зависност од потребите на корисниците.

Изградба на ученички дом. Во соработка со Министерството за образование и наука веќе се прават подготовки за оспособување на постоечките просторни капацитети, кои ќе бидат пренаменети во ученички дом. Со овој проект ќе се намалат трошоците на училиштата и родителите.

Ги повикуваме граѓаните да го направат вистинскиот избор за вашето место и вашата иднина и да гласаат за Јорданов за градоначалник и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Јорданов нуди визија, план и проекти за Штип и штипјани.